ISDL ПРОЕКТ - ПРВ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН ПАРТНЕРСКИ СОСТАНОК

Во период 02-06.05.2023 година, во Ширнак, Р.Турција, се реализираше првиот транснационален состанок од Еразмус проектот Интеграција преку социјално и дигитално учење, KA210-ADU – “Integration by social and digital learning – ISDL” Project no. 2022-1-TR01-KA210-ADU-000084905.

Состанок започна со поздравен говор на координаторите г-ѓа Satı Setenay ÇAYIR и г-дин Fırat ÜNSAL, во кој во кратки црти се презентираше целта на проектот, резултатите, корисниците и моменталната фаза на проектот. По воведниот говор, секој од парнерите имаше можност да ги презентира своите институции и активностите кои истите ги работат. На состанокот се дискутираа идните задачи, вкличително и ПРЕЛИМИНАРНИОТ ИЗВЕШТАЈ за состојбата на политиката за интеграција во државите на партнерите треба да биде завршен до средината на мај 2023 година, како и временската рамка во кој треба да се реализираат истите.

На состанокот присуствуваа: Beytüşşebap Halk Eğitim Merkezi Müdürlüğü (Партнер домаќин и координатор) – г-ѓа Satı Setenay ÇAYIR, г-дин Mesut KILIÇ, г-дин Nazmi GÜZEL и г-дин Adil CİN, Франција г-дин Жерар Феној, Република Северна Македонија Универзитет Гоце Делчев – Штип – Воена Академија – „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје, д-р Андреј Илиев и д-р Ненад Танески, Asociación para el Desarrollo socioemocional de la persona, la sociedad y para la cooperación Internacional Uno, г-дин Џовани Гонела и г-дин Патрицио Ричи (онлајн).